/ Прочитано:

1.402

СУДЕЊЕ „Бришач“: Тешката финансиска ситуација ме натера да учествувам во сообраќајка, проговори пред судот обвинетиот Бојан Обрадовиќ

Вторник, 12 Јуни 2012 – Сиромаштијата го натерала да учествува во лажна сообраќајна незгода. Некои од обвинетите се изјаснија дека имале договор и план за местење на незгодата. Еден од нив од обвинението разбрал дека другарите го излажале и зеле пари од осигурителна компанија, а тој не земал ништо. Некои од обвинетите се изјаснија  за виновни, му оставаат на судот да им одреди кривична санкција. 

Во акцијата „Бришач“  уапсени беа 56 лица. Според обвинителството тие местеле стари и оштетени автомобили на патот во положба како да се случило удар. Потоа се јавувале во 192 и пријавувале сообраќајна незгода, а на лице место обвинетите полицајците ги изготвувале записниците. Истиот записник се праќал во осигурителните компании, поднесувале пријави за надомест на штета од каско осигурувањето на возилото, осигурување од автоодговорност, барале наплата на материјални и нематеријални штети. Бидејќи се воделе две истраги, обвинетите се поделени во два предмети.

>> Предметот целосно проследете го тука.


Тек на рочиштето

12:35 – Адвокатот Слодобан Зечевиќ побара да му се замени мерката притвор со куќен притвор на обвинетиот Бојан Обрадовиќ бидејќи сите останати обвинети се во куќен притвор. Судот му предложи да поднесе предлог до кривичниот совет. Главниот претрес се одлага за 21.06.2012г. во 10 часот. За следното рочиште предвидено е да се повикуваат претставници од осигурителните компании во својство на оштетени.

12:25 – Oбвинетиот Еркан Шабан остана на исказот пред истражен судија. Не се чувствува виновен за делата за кои се товари, појасни дека тој  немал никаков договор ниту контакт со службените лица на увидна екипа на МВР кои сега се обвинети.

12:10 – Обвинетиот Тони Арготов останува на исказ даден пред истражен судија. Не се чувствува виновен за делата за кои се товари. На судот му објасни како дошол до парите од осигурителната компанија. Тој во осигурителната компанија  „Вардар“ се запознал со луѓе-клиенти на компанијата кој му посочиле извесен адвокат Жикица за да му помогне околу обесштетувањето за сообраќајката со моторот. Се здобил со модрици и набиеници, а неговата малолетна ќерка имала скршеница на шаката.

11:50Симијонче Ѓорѓиев, кој е помошник лимар во фирмата „Автоморал“. Во истрага рекол дека не му е познато чие е возилото марка „Рено Меган“, а денеска тврдеше дека е во негова сопственост. Судот го запраша кое тврдење е точно, тоа што го кaжал во истрага или она што денеска го зборува? Обвинетиот одговори дека тоа што денеска го кажува е точно. Појасни дека за време на истрагата возилото не било во негова сопственост, тој имал полномошно од друго лице, немал купопродажен договор за возилото бидејќи бил договорен  да го купи откако возилото ќе се регистрира.


11:30 –  Судот даде пауза од 15 минути.


11:10 – Даваше исказ обвинет кој е малолетен, поради тоа јавноста беше исклучена.

11:00 – Обвинетиот Љупчо Здравевски остана на исказот даден пред истражен судија. На прашањето на адвокатот Радован Бурјаковски дали ги познава службените лица од МВР коишто сега се исто така обвинети и кој повикал полиција, Здравевски рече дека не ги познавал, немал никакви контакти со нив, а полицијата била повикана од  другиот учесник во сообраќајката. По сообраќајната незгода бил повикан во обвинителство. Потоа си ја платил казната на 4 рати.

10:45 – Обвинетиот Горан Марковски, не го призна делото бидејќи смета дека сообраќајката не била наместена туку навистина се случила. Возилото го земал од обвинетиот Симијонче Ѓорѓиев, го возел неколку денови бидејќи сакал да го купи, ни тогаш ни денес не знае во чија сопственост е возилото. Удрил во мотор на кој имало возрасен човек и едно девојче. Тие немале видливи повреди, а во возилото со кое што управувал била неговата ќерка којашто поминала со шината рака и син му којшто поминал беа повреди. Му се јавил на Симијонче Ѓорѓиев да дојде, дошле и полицајците. Вечерта ја земал оштетената кола. Обвинетитиот Симијонче Ѓорѓиев парите ги земал од осигурителна компанија преку адвокат и со тие пари ја поправиле колата.  Досега немал сообраќајка меѓутоа го удрило кола на МВР и за тоа земал оштета.

10:35 – Обвинетиот Бојан Обрановиќ вели дека се точни наводите во обвинителниот акт, ги призна делата кои му се ставаат на товар. „Се чувствувам за виновен и оставам на судот да одлучи за кривичната санкција“. Рече дека ова го сторил поради тешката финансиска состојба во која се наоѓал. На прашање на бранителот Слободан Зечевиќ дали му е пријавен статусот и колку му е дневница, обвинетиот одговори дека работел како автолакер по потреба. Не може да се сети колку пати месечно работел за дневница од 300 денари. Обвинетиот Обрановиќ рече дека обвинетите Иванчо Бојковски и Живко Ивановски му биле другари, имале договор и план за да наместат сообраќајка, а Бојан Обрановиќ прифатил. Од обвинението дознал дека тие земале пари за лажната сообраќајка, тој рече дека не земал.

10:29 – Судот му укажа на обвинетиот Марјан Кузмановски дека неговиот бранител го има откажано полномошното. Обвинетиот го извести судот дека ќе ангажира нов, но на денешниот главен претрес поради економичност на постапката ќе го менува адвокат Сања Милановиќ.