/ Прочитано:

957

Судење „Бришач 1“: Обвинителството ќе дава завршни зборови

Среда, 19 декември 2012 – На денешниот главен претрес се очекува обвинителството да ги даде своите завршни зборови. На изминатите рочишта се изведуваа доказите прибавени со посебни истражни мерки. 

Во акцијата „Бришач“, уапсени беа 56 лица. Според обвинителството тие местеле стари и оштетени автомобили на патот во положба како да се случило удар. Потоа се јавувале во 192 и пријавувале сообраќајна незгода, а на лице место обвинетите полицајците ги изготвувале записниците. Истиот записник се праќал во осигурителните компании, поднесувале пријави за надомест на штета од каско осигурувањето на возилото, осигурување од автоодговорност, барале наплата на материјални и нематеријални штети. Бидејќи се воделе две истраги, обвинетите се поделени во два предмети.

>> Предметот за случајот „Бришач 1“ целосно проследете го тука. 

Тек на рочиштето

>> Старт на рочиштето во 12:00 часот.