Судење „Бришач 1“: Рочиштето се одложи, одбраната утре ќе дава завршни зборови
Понеделник, 24 декември 2012 – Рочиштето се одложи за утре поради технички причини. Имено одбраната се уште не ги подигнала записниците од минатите рочишта, па судијата им даде уште еден ден на адвокатите за да ги спремат своите завршни зборови.
Во акцијата „Бришач“, беа уапсени 56 лица. Според обвинителството тие местеле стари и оштетени автомобили на патот во положба како да се случило удар. Потоа се јавувале во 192 и пријавувале сообраќајна незгода, а на лице место обвинетите полицајци ги изготвувале записниците. Истиот записник се праќал во осигурителните компании, поднесувале пријави за надомест на штета од каско осигурувањето на возилото, осигурување од автоодговорност, барале наплата на материјални и нематеријални штети. Бидејќи се воделе две истраги, обвинетите се поделени во два предмети.
>> Предметот за случајот „Бришач 1“ целосно проследете го тука.
Тек на рочиштето
11:15 – Судскиот процес се одложи за утре (25.12.2012 година) во 09:30 часот. Поради технички причини адвокатите не успеале да ги подигнат записниците од минатите рочиште, па судијата им даде уште еден ден за да се спремат за завршните зборови.