/ Прочитано:

860

Судење „Бришач“: Судењето е одложено поради отсуство на еден од обвинетите поради нарушена здравствена состојба

Петок, 7 декември 2012 – Судењето е одложено поради оправдано отсуство на еден од обвинетите. По изведувањето на посебните истражни мерки (ПИМ) на наредните рочишта треба да продолжи доказната постапка. Пред изведувањето на ПИМ, судот детално ги разгледуваше извештаите од сообраќајките. 

Во акцијата „Бришач“, уапсени беа 56 лица. Според обвинителството тие местеле стари и оштетени автомобили на патот во положба како да се случило удар. Потоа се јавувале во 192 и пријавувале сообраќајна незгода, а на лице место обвинетите полицајците ги изготвувале записниците. Истиот записник се праќал во осигурителните компании, поднесувале пријави за надомест на штета од каско осигурувањето на возилото, осигурување од автоодговорност, барале наплата на материјални и нематеријални штети. Бидејќи се воделе две истраги, обвинетите се поделени во два предмети.

>> Предметот за случајот „Бришач 1“ целосно проследете го тука.

Тек на рочиштето 

11:00 – Судењето е одложено поради отсуство на еден од обвинетите, кој во изминатиов период му се нарушила здравствената состојба и е хоспитализиран.