/ Прочитано:

1.741

Судење „Детонатор“: Главниот претрес се одложи, казнет е бранителот на петтообвинетиот

Вторник, 9 октомври 2012 – Главниот претрес се одложи поради отсуство на одбраната на петтообвинетиот, Јорданчо Михајлов. Судијата Весна Димишкова оцени дека ополномоштените адвокати не се соодветна одбрана за Михајлов и одреди казна од 500 евра за бранителот и покривање на денешните судски трошоци. Инаку за денеска се очекуваше судењето да продолжи со сведочењето  на оштетениот Драганчо Стоименов и неговата сопруга Јанка Стоименова. Стоименов е лицето кое според наводите на обвинителството, обвинетите во неколку наврати се обиделе да го ликвидираат. На изминатото рочиште, оштетниот раскажа за наводните тортури од 2009 – 2012 година што според неговите зборови му ги вршеле обвинетите. Како што наведе, освен нему, закани имало и до неговото семејство и сите негови пријатели. Обвинетите во своите искази ги негираа тврдењата сведокот.

>> На оштетениот не му е јасно зошто преживувал тортура, но слушнал гласини дека тоа било зошто имал пари

Првообвинетиот Игор Горански со одбраната (лево: адв.Љубомир Михајловски, десно: адв.Дончо Наков)

Предметот се води против 16 обвинети кои беа уапсени во првиот наврат во акцијата на МВР, „Детонатор“. Обвинителството ги гони за обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, лихварство, насилство и измама. Двајца од обвинетите се наоѓаат во бегство.

>> Предметот за случајот Детонатор проследете го тука.

Тек на рочиштето

10:50 – Иако на денешното рочиште се појавија оштетените кои требаше да сведочат денеска, судијата констатираше дека не е присутна одбраната на обвинетиот Стојан Паликрушев, адвокатот Јорданчо Михајлов. Во име на Михајлов беа ополномоштени други двајца адвокати, но главниот претрес сепак не се одржа. На прашање на судијата Весна Димишкова дали ги разгледале списите за предметот, одговорија дека не ги разгледале, по што судијата утврди дека не е соодветна одбраната за обвинетиот и одреди казна од 500 евра за бранителот и покривање на денешните судски трошоци. Следното рочиште е закажано за 18. 10.2012 во 10:30 часот.