/ Прочитано:

1.263

СУДЕЊЕ „Детонатор“: Вештиот наод за оштетата на кочанските дуќанџии сè уште не е завршен

Среда, 11 септември 2013 –  Денешниот главен претрес се одложи за октомври бидејќи вештиот наод за оштетата на кочанските дуќанџии од штипската агенција за обезбедување „Титан груп“, не е завршен. 

Најпрвин, предметот се водеше против 16 обвинети кои беа уапсени во акцијата на МВР, „Детонатор“. Обвинителството ги гони за обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, лихварство, насилство и измама. Двајца од обвинетите се наоѓаат во бегство. Во текот на процесот следeше ново обвинение кое ги ослободи од вина Сашко Стоименов и Горан Наунов, а го опфати лицата Столе Трпевски и Марија Ќорпашева од Виница. Подоцна, Ќорпашева беше ослободена од обвинението за лихварство. Според новото обвинение кое беше додадено кон претходното, првообвинетиот Игор Горански заедно со второобвинетиот кој е во бегство, Сашко Стојчев и Трпевски, создале и припаѓале на злосторничка група која се занимава со лихварство – обвинетите наводно ја искористувале тешката материјална состојба на своите граѓани, давале позајмици и наплатувале високи месечни камати. Обвинителството исто така ги товари дел обвинетите за нелегален шверц на покер апарати, како и за обид за убиство на Драганчо Стоименов.

Полициска опсада во неколку градови во источниот дел на Македонија резултираше со 13 разрешени полициски началници и командири, запленети 1000 покер апарати и притвор за 14 лица.

>> Предметот целосно проследете го тука.

Тек на рочиштето

10:45 – Главниот претрес се одложи бидејќи судот добил известување од Бирото за судски вештачења дека вештиот наод за оштетата на кочанските дуќанџии не е завршен. Следните главни претреси се закажани за 10, 17 и 24 октомври во 10:30 часот.