СУДЕЊЕ „Фаланга 2“: Главниот претрес се одложи за следниот месец
Четврток, 21 ноември 2013 – Рочиштето се одложи за 13 декември, поради отсуство на главниот судија што го води предметот, Вангелина Маркудова. На следното се очекува обвинетите Илчо Бојчевски, Али Касум, Златко Тодоровски и уште едно лице кое досега не беше дел од „Фаланга 2“ да се изјаснат за уште едно кривично дело „тешка кражба“ кое им се става на товар, откако обвинението беше проширено. Инаку судијката Вангелина Маркудова е предложена од Судскиот совет на РМ за нов судија во Уставниот суд на РМ, предлог кој денеска е на разгледување на денешната 77 седница на Собранието.
>> Предлог за избор на судија на Уставниот суд на Република Македонија
Најголемиот дел од обвинетите во „Фаланга 2“ се товарат дека илегално ископувале артефакти и ги продавале. Претпоследен на списокот на 15-мината обвинети е ексдиректорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, но тој се товари за злоупотреба на службената положба. Според Обвинителството, Кузман незаконски издал Согласност да се вршат ископувања кај местото Драмски Рид во околината на Делчево и кај Велес.
Тек на рочиштето
10:15 – Рочиштето се одложи за 13 декември во 10:00 часот поради отсуство на главниот судија што го води предметот, Вангелина Маркудова. На следниот главен претрес е предвидено обвинетите Илчо Бојчевски, Али Касум, Златко Тодоровски и уште едно лице кое досега не беше дел од „Фаланга 2“ да се изјаснат за уште едно кривично дело „тешка кражба“ кое им се става на товар, откако обвинението беше проширено.