/ Прочитано:

1.359

СУДЕЊЕ Иво Санадер: Сведокот не се појави, рочиштето е одложено

Четврток, 30 јули 2012 – По пауза од еден месец, поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер повторно на жешкото столче на обвинети. Во предметот за случајот „ИНА – МОЛ“, денеска требаше да сведочи Стефан Хурлиман, директорот на швајцарската фирма Ксенопласт на чија сметка наводно биле исплатени 5 милиони евра мито наменето за Санадер со цел препуштање на управувачките права во ИНА, на унгарски МОЛ, но тој не се појави на рочиштето.

Иво Санадер (фото: Горан Мехкек / Кропикс)

Хурлиман,  инаку  е еден од клучните сведоци на УСКОК, кој за време на истрагата потврди дека преку фирма на Роберт Јежиќ (малцински сопственик во „Ксенопласт“, но и на петролејската компанија „ДИОКИ“, еден од најбогатите Хрвати, клучен сведок на обвинителството и некогашен пријател на Санадер) се префлени 5 милиони евра на сметката на „Ксенопласт“, провизија односно дел од наводното мито наменето за Санадер.

Директорот на „Ксенопласт“ го изветил судот дека не е законски обврзан да одговори на поканата, но и дека немал ништо да каже што ќе допринесе за понатамошно разјаснување на случајот. Сепак од обвинителството најавија дека ќе се обидат да издејствуваат Хурлиман да сведочи преку видео-линк. 

Судењето продолжува на 13 и 14 септември, а ќе сведочат Младен Замалек поранешен член на Управата на „ИНА“ и Раде Перковиќ, пријател на Санадер од 90-тите.

Афера: „ИНА – МОЛ“

Со обвинението за случајот „ИНА – МОЛ“, Санадер се товари дека  примил мито – 10 милиони евра од унгарската компанија „МОЛ“, со цел преземање на мнозинските права во нафтената компанија  „ИНА“ на сметка на Владата на Хрватска.

>> Проследете го судењето за аферите „Хипо банка“ и „ИНА – МОЛ“.