/ Прочитано:

1.428

СУДЕЊЕ Иво Санадер: Сведочеше пријател на Санадер од неговите театарски денови

Четврток, 13 септември 2012 – На клупата за сведоци денеска седна пензионираниот актер Раде Перковиќ, пријател на Иво Санадер од почетокот на 90-тите. Во тоа време и двајцата работеле во Народниот театар во Сплит, Санадер како директор, а Перковиќ како негов заменик.

Перковиќ  беше повикан за да разјасни каква била имотната состојба на Санадер во 90-тите. Според него директорската позиција во овој театар тогаш носела многу ниски приходи. 

Сведокот објасни дека со екс-премиерот најчесто се движеле во театарските кругови, а се дружеле често со Миро Бркиќ кој бил претприемач и за кого понекогаш лобирале, но како што вели се било легално. Не знаеше да каже дали Санадер добивал награди за овие услуги, но за себе кажа дека имал понекогаш парични заработки од 1000 до 2000 марки. За мистериозниот личност Еуген Лакс рече дека никогаш не слушнал. 

    • Инаку според некои сведочења, Еуген Лакс е посредникот на кој му биле исплатени парите од наводната провизија, а во врска со аферата Хипо банка, каде Санадер се товари за военo профитерство. Збунувачки е фактот што ниту еден сведок не знае да даде точни иформации за Лакс, или пак сите  што наводно го сретнале или слушнале за него даваат различни информации. Според некои пишувања, тој бил високо позициониран масон со хрватско потекло, кој живеел во Бразил, припадник на ложите кои се гордееле со хрватската државотворност. Некои пак го поставуваат прашањето: Дали Еуген Лакс бил самоподментата личност од страна на Санадер или пак неговата партија ХДЗ? 

Судењето продолжува утре.

Афера „Хипо банка“

Ова е првиот случај  во Хрватска кога некој е обвинет за збогатување за време на војната во Хрватска. Обвинителството го товари за воено профитерство и злоупотреба на службената должност. На Санадер му се припишува дека примил мито од од 3,6 милиони куни (483.000 евра), провизија од кредитот кој австриската „Хипо банка“ и го одобрила на Хрватска додека бил заменик министер за надворешни работи на Хрватска (1993).

>> Предметот за случајот „Хипо банка“ проследете го тука.