10 април, 2013 07:46
paula
/ Прочитано:
СУДЕЊЕ Јашари: Рочиштето се одложи — завршни зборови на следниот главен претрес
Среда, 10 април 2013 – Рочиште се одложи за 17 април поради остсуство на еден од бранителите за кое судот беше уредно известен. Инаку судскиот процес е пред самиот крај, се очекува на следнотот рочиште обвинителството и одбраната да ги дадат своите завршни зборови. Минатиот пат беше сослушан очевидец на тепачката од пред две години која кобно заврши за матурантот Мухамедали Јашари.
Обидувајќи се да го заштити другарот, матурантот Мухамедали Јашари заврши трагично поради удар од камен во градите во дворот на средното градежно училиште „Здравко Цветковски“, во април 2011 година. Според обвинението, Јашари го изгубил животот во обид да му помогне на својот другар кој влегол во тепачка со тројцата сега обвинети, односно да ги спречи истите да избегаат од училишниот двор. Обвинетите кои се на возраст од 17 до 19 години наводно дошле во училиштето за да ги расчистат сметките. Обвинителството ги гони за нанесување на тешки телесни повреди со смртни последици, а родителите на Јашари бараат тие да одговараат за убиство. Првообвинетиот Петар Маневски од неодамна е недостапен за органите на прогон.
>> Предметот за случајот Мухамед Али Јашари проследете го тука
Тек на рочиштето
11:20 – Поради отсуство на еден од бранителите вклучен во постапката за кое судот уредно беше известен, главниот претрес е одложен за 17.04.2013 во 10:30 часот.