/ Прочитано:

844

Судење „Калдрма“: Рочиштето се одложи, се уште е во тек изборот на втор судија во судскиот совет

Среда, 19 декември 2012 – Иако за денеска беше предвидено процесот што се води против 85-те обвинети од  ЈП „Македонија Пат“ да почне од почеток поради промена на судскиот состав, истиот се одложи за 24 декември бидејќи се уште не избран втор судија во судскиот совет. Рочиштата кои се одржаа досега поминаа во доста тензична атмосфера, со меѓусебни дофрлања и обвинувања меѓу дел од обвинетите. Раководителот и неговиот заменик негираа дека ги ивршиле кривичните дела кои им се ставаат на товар, но изработувачот на сметки ја призна вината. Она што можеше да се забележи е дека распитот на обвинети, помина во рекордно брзо време.

Обвинението по овој предмет е напишано на 400 страници, а преку него обвинителството ќе се обиде да докаже дека вработените во ЈП „Македонија Пат“ преку фалсификувани фискални сметки, организирано, три и пол години правеле криминал на 5 патарини што се наоѓаат на северо-јужниот транспортен Коридор 10, од Куманово па се до Гевгелија. Меѓу 86-те обвинети, во обвинителниот акт стои дека првите двајца обвинети го осмислиле планот и ги организирале останатите  обвинети. Поголемиот дел од обвинетите се наоѓаат во притвор. Според обвинителниот акт тие ја оштетиле државата за 1,8 милиони евра така што на патниците им издавале лажни  фискални сметки и парите оделе во приватни џебови.

>> Предметот за случајот „Калдрма“ проследете го тука. 

Тек на рочиштето

10:15 – Рочиштето се одложи за 24 декември во 10 часот, се уште не е избран втор судија во судскиот совет на местото на судија Владимир Панчевски кој во меѓувреме ја презеде функцијата претседател на скопскиот Кривичен суд.