/ Прочитано:

1.352

СУДЕЊЕ „Керозин“: Одбраната бара укинување на притворот

Вторник, 22 октомври 2013 – Судскиот процес продолжи со изведување на материјалните докази, главно фактури издадени од оштетените иституции на кои „Алма – комерц“ им испорачувала нафта.

Одбраната на денешниот претрес повторно побара замена на затворскиот притвор со куќен. За потсетување, обвинетите веќе го минуваат 11-тиот месец во притвор.

На минатото рочиште лавина реакции предизвика исказот на сведокот, кој во улога на инспектор извршил контрола на нафтата што во неколку училишта ја доставувала фирмата на семејството Пецови – „Алма-комерц“. Сведокот ги потврди наводите на Обвинителството, дека било доставувано помалку количество нафта од предвиденото со тендерите кои оваа фирма ги добивала. 

>> СУДЕЊЕ „Керозин“: Веднаш на колегите им реков дека овде нешто „смрди“, сведок ги потврди наводите на Обвинителството 

Предметот за акцијата „Керозин“ опфаќа вкупно 16 лица кои се товарат за повеќе кривични дела: злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, фалсификување на исправа, перење на пари и други приноси од казниво дело, даночно затајување, и давање и примање поткуп. Освен Ангел Пецов, неговата сопруга и син, обвинението ги опфаќа и сопствениците на фирмите кои ги помагале наводните финансиски малверзации на „Алма-комерц“, испорачателите на нафтата – возачите на цистерните, но и вработени во оштетените иституции – котлари, домари и сл., кои биле задолжени да вршат прием или контрола на испорачките. Измамата била направена на тој начин што се користеле идентични цистерни на кои им биле заменувани табличките, односно оние со нафтата која требала да биде испорачана се заменувале со други, кои имаат помалку нафта од потребното, се наведува во обвинителниот акт…

>> Предметот целосно можете да го проследите тука.