/ Прочитано:

1.659

СУДЕЊЕ „КЕРОЗИН“: Наместо завршни зборови на одбраната, предметот вратен во доказна постапка

Понеделник, 31 март 2014 – Поради докази на Обвинителството, кои не биле изведени во текот на претресот, наместо изнесување на завршните зборови на одбраната – предметот се врати во фаза на доказна постапка. Според зборовите на застапникот на обвинението, дел од предложените докази се опфатени со вештачењето. Поради новонастанатата ситуација судот донесе решение главниот претрес да продолжи на 3 април (четврток) во 10:00 часот со завршните зборови на одбраната, по претходен увид на бранителите во предложените докази.

На минатото рочиште, обвинителка Деса Пауновска во својот завршен збор побара од судот да ги прогласи сите обвинети за виновни. „Од сите изведени писмени и вербални докази се докажа дека дека обвинетите ги сториле кривичните дела“, истакна таа. 

>> СУДЕЊЕ „КЕРОЗИН“: „Обвинетите ги сториле кривичните дела, предлагам да се прогласат за виновни!“ — Обвинителството го даде завршниот збор на рекордни 250 страни

Предметот за акцијата „Керозин“ опфаќа вкупно 16 лица кои се товарат за повеќе кривични дела: злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, фалсификување на исправа, перење на пари и други приноси од казниво дело, даночно затајување, и давање и примање поткуп. Освен Ангел Пецов, неговата сопруга и син, обвинението ги опфаќа и сопствениците на фирмите кои ги помагале наводните финансиски малверзации на „Алма-комерц“, испорачателите на нафтата – возачите на цистерните, но и вработени во оштетените иституции – котлари, домари и сл., кои биле задолжени да вршат прием или контрола на испорачките. Измамата била направена на тој начин што се користеле идентични цистерни на кои им биле заменувани табличките, односно оние со нафтата која требала да биде испорачана се заменувале со други, кои имаат помалку нафта од потребното, се наведува во обвинителниот акт.

Според полицијата, за да го продаде неиспорачаното гориво, „Алма – комерц“ соработувала со фирми од Косово и Бугарија кои им издавале фиктивни фактури за испорака на гориво.

>> Повеќе за предметот прочитајте тука.