/ Прочитано:

1.441

СУДЕЊЕ „Ликвидација“: Судскиот процес продолжи зад затворени врати за јавноста

Понеделник, 30 септември 2013 – Поради изведување на доказите прибавени со посебни истражни мерки, судскиот процес продолжи за зад затворени врати за јавноста. Со оглед на тоа дека минатиот пат беше изведен аудио и видео материјалот, извесно е дека денеска биле преслушувани телефонските разговори прибавени со помош на посебни истражни мерки.

>> СУДЕЊЕ „Ликвидација“: Доказите прибавени со посебни истражни мерки се неквалитетни и незаконски, тврди одбраната

Поради тајноста на овој дел од процесот, адвокатите на обвинетите не сакаа да ги коментираат доказите.

Адвокатот Јован Јоанидис по завршувањето на главниот претрес изјави дека очекува по завршувањето на доказната постапка да има пресуда за овој случај.

Пред само три дена на обвинетите во „Ликвидација“, меѓу кои судии, обвинител, адвокат, како и новинарот Томислав Кежаровски, притворот им беше продолжен по петти пат им беше продолжен за 30 дена.

Осуммината обвинети се товарат за: „примање поткуп“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица“, „противзаконито посредување“, дело кое инаку не постои како такво во Кривичниот законик бидејќи е преименувано во „примање награда за противзаконито влијание“  и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали.

>> Предметот целосно можете да го проследите тука.