/ Прочитано:

1.269

Судење „Ровер“: Исказ даде обвинетиот Негриевски, единствениот кој тврди дека Бошковски му дал конкретна наредба Тушевски да биде следен

Четврток, 27 декември 2012 – Началникот на Секторот за документирање и следење, Никола Негриевски потврди дека Бошковски му дал неименична потврда за следењето на Тушески, а обезбедувачот Трајковски му дал задача да се дознае каде живее Тушевски и доколку се утврди дека прави рекет, веднаш да се лиши од слобода. Претходно, Бошковски негираше дека  дал предлог и наредба за следење, а Трајковски рече дека Негриевски самиот веќе бил запознаен што треба да прави без тој самиот да му кажува. Сите инспектори што го следеле Тушевски не виделе кој пукал во Тушевски.  

Со обвинението за случајот „Ровер“, 15 лица се обвинети за убиство и помагање на убиство извршени врз Маријан Тушевски и на Kире Јанев во јули 2001 година. Првите четворица обвинети, Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ кои се товарат дека се директни извршители на убиството се во бегство. Според обвинението, Чубрило, Илиќ, Ковачевиќ и Вукичевиќ влегле во Република Македонија со помош на 6-то обвинетиот Ивица Ристиќ. Пред убиството, во најмен стан претстојувале отприлика еден месец. Најголемиот дел од останатите обвинети во тоа време инспектори во Одделот за набљудување и документирање при МВР се товарат дека знаеле информации за убиството, но не презеле ништо. Според обвинителството, главна мета бил Маријан Тушевски, а Киро Јанев бил само колатерална штета кој случајно се нашол на местото на убиството. Поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски е 7-мо обвинет, се товари за помагање на убиство, односно дека му одобрил на сега починатиот Орце Коруновски да го лиши од живот Маријан Тушевски, притоа му ветил дека никогаш нема да поведе истрага против него.

>> Предметот за случајот „Ровер“ можете да го проследите тука  .

Тек на рочишето

14:00Останатите обвинети дадоа исказ пред судскиот совет, а со тоа заврши распитот на сите обвинети. За утре е закажано сослушување на заштитениот сведок. Одбраната на крај побара на обвинетите притворот да им се замени со куќен, но судијата ги одби барањата на адвокатите.

12:10 – По паузата се очекуваше судскиот совет да му постави прашања на обвинетиот со оглед на тоа што за претходните обвинети имаше прашања, а исказот на Негриевски се разликува од сите други, сепак судијата продолжи со обвинетиот Благоја Димитревски. Тој рече дека го разбира, но не го прифаќа обвинението. Според него, на критичниот ден тој презел дејствија согласно правилникот на Секторот. За убиството рече дека никогаш ништо не премолчил. Иако обвинетиот Трајковски и дел од адвокатите сакаа да ја прецизираат улогата на обвинетиот  Димитревски на критичниот ден, што тој видел и слушнал, сепак поради приговорите на обвинителот, прашањата останаа неодговорени.


11:30 – Пауза од 40 минути. 


09:45 – На клупата за обвинети седна  обвинетиот Никола Негриевски кој стана на исказот даден во истрага каде наведува околности во врска со критичниот ден, а кои се во директна врска со дејствијата кои според обвинителниот акт ги преземал поранешниот министер Љубе Бошковски и обвинетиот Зоран Трајковски. Потврди дека обвинетиот Бошковски дал предлог, а обвинетиот Трајковски дал наредба да се следи Марјан Тушевски. 

Негриевски рече дека не  му е јасно зошто е тука во својство на обвинет, со оглед на тоа што имал 31 година искуство во МВР и обработил над 3.000 објекти, а според она што пишувало во обвинението како што вели треба и над 3.000 пати да биде обвинет.

Преку прашањата на адвокатите, се потенцираше дека Негриевски е единствениот обвинет кој потврдува дека поранешниот министер Бошковски и неговото обезбедување, обвинетиот Зоран Трајковски предложиле и дале наредба да се следи Маријан Тушевски.

– „Конкретната задача ја добив неименично од министерот, не ми посочи дека објектот е Маријан Тушевски, туку ме упати на поединостите околу задачата кои требало да ми ги објасни Зоран Трајковски. Меѓудругото се интересираше и за работата во секторот“, тврди Негриевски.

Адвокатите ги интересираше детали од критичниот ден, хиреархијата во МВР однесувањето инспекторите кои го следеле Тушевски и акцијата што полицијата ја планирала за да го уапсат убиениот. Околу деталите кои му биле пренесени од Трајковски откри што планирала со Тушевски.

– „Значи имаше план Тушевски да биде следен, а конкретната задача беше да се открие каде живее, каде спие и доколку се утврди дека се уште се занимава со рекет требаше да се повика специјална единица и да биде лишен од слобода“, посочи Негриевски во исказот.

Обвинетиот Негриевски појасни дека во МВР постоела тајна единици која работела за државната безбедност земјава. Обинетиот Трајковски имаше прашања околи специјалната тајна единица која била сместена во стан надвор од просториите на МВР, но обвинителот приговори дека за обвинетиот да одговори треба јавноста да се исклучи поради тоа што информациите се тајни. Негривски рече дека не знае многу за единицата, но било факт дека постои бидејќи тој лично знаел неколку лица, припадници на таа единица.

09:40Старт на рочиштето, условите за одржување на гласвен претрес се исполнети.