Инфо за предметот
Надлежен суд: Основен суд 1 Скопје
Бр. на предмет: К0.Бр 39/10
СУДЕЊЕ
Почеток: 14.09.2010г
Судија: Судија Ѓоко Ристов (претседавач)
Обвинител: Златко Биковски
Обвинети:
- Сашо Јосимовски
- Љубица Величкова
- Азем Кофрц
- Љупчо Бутевски
- Слободан Дамјановски
- Љупчо Петковски
- Пане Георгиевски
- Лидија Аврамовска-Силјановска
- Соња Теодорова
- Занко Николов
- Живко Петковски
- Милчо Демерџиев
- Зоран Божиновски
- Ѓорѓе Хаџи Ангелковски
- Виолета Паневска
- Олга Мицева
- Борјанка Танева
- Иван Барбов
- Јане Бушев
- Фиданчо Трајановски
- Горан Николовски
- Исмаил Ваити
- Тодор Пиперковски
- Љубе Глигоровски
- Едип Шејн
- Иван Трендафилов
- Дарко Бакрачевски
- Валентина Димовска
- Милан Зафировски
- Миливој Арсовски
- Дивна Трпевска
- Ристе Велковски
- Звонко Алтановски
- Сафета Заховиќ
- Славица Милошевиќ
- Весна Андреева
- Александар Адамов
- Љубе Стојановски
„Метастаза“
Апелациониот суд ја преиначи првостепената одлука за случајот „Метастаза“, на 9-мина осудени затворската казната им се зголемува од 3 до 6 месеци. За останатите обвинети, Апелациониот суд ги потврдил условните казни. Второстепениот суд во целост ги одбил жалбите на одбраната. Со првостепената пресуда по овој предмет, Кривичниот суд во Скопје пресуди дека сите обвинети се виновни, а казните се движат од 3 години затвор, па се до условни пресуди. Ефективен затвор им е досуден на седумнаесетмина од вкупно 38 обвинети. Деветнаесетмина обвинети добија условни казни. Поранешниот претседател на Комисијата за ревизија за утврдување на инвалидност Сашо Јосимовски и тогашната претседателка првостепената Комисија, второобвинетата Љубица Величкова добија затворски казни од две и пол години. Највисока казна според пресудата, за четвртообвинетиот Љупчо Бутевски, кој според обвинението бил еден од главните посредници при издавањето на инвалидски пензии. Третообвинетиот, Азем Кофрц кој исто така бил посредник доби казна затвор од две и пол години. Повеќето доктори и посредници добија условни казни од една и пол година, а сите заедно се задолжени солидарно да ја надоместат штетата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во износ од околу 250.000 евра.
Опис на предметот
Според обвинителниот акт, во текот на 2008 година обвинетите Сашо Јосимовски, Љубица Величковска, Азем Кофрц и Љупчо Бутевски создале група на која припадници биле сите останати обвинетите. Групата дејствувала 2 години, до март 2010 година.
На лицата – баратели на инвалидски пензии и други права по основа на инвалидност наводно им било ветено дека за одреден паричен надомест ќе им ја обезбедат пензијата. Посредниците прибавувале од барателите податоци за нивната возраст, пензиски стаж и врз основа на прибавената документација на секој барател му ја определувале висината на надоместокот.
Понатаму во обвинителниот акт се наведува дека средствата се делеле меѓу обвинетите во зависност од нивната улога и учество во конкретен предмет, додека обвинетите доктори имале улога и задача од стручен аспект да направат проценка која медицинска документација дополнително треба да се прибави за да се оствари одредено право. Посредниците кај лекарите им закажувале или лично ги воделе барателите на фиктивни прегледи или престој во медицински установи. Некогаш и без присуство на барателите, обвинетите лекари правеле и издавале невистинита медицинска документација.
Според првостепената пресуда, членовите на лекарските комисии и посредниците барале од 3000 до 3500 евра без разлика дали барателите биле болни или здрави лица. За секој барател сумата била различна во зависност од тоа каква документација треба да се извади. На овој начин тие оствариле противправна имотна корист на штета на Фондот на ПИОМ. Вкупно 38 лица се товарат за злосторничко здружување од чл. 394 ст.1 од КЗ, злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 од КЗ и фалсификување на исправа од чл. 378 од КЗ.
Тек на судењето
22.10.2012 – Судот одлучи, поранешниот претседател на Комисијата за ревизија за утврдување на инвалидност Сашо Јосимовски и тогашниот потпретседател, второобвинетата Љубица Величкова добија по две и пол години затворски казни. Највисоката казна според пресудата за четвртообвинетиот, Љупчо Бутевски, кој според обвинението е бил еден од главните посредници при издавањето на инвалидските пензии. Третообвинетиот, Азем Кофрц кој исто така бил посредник доби казна затвор од две и пол години. Повеќето доктори и посредници добија условни казни од една и пол година, а сите заедно се задолжени солидарно да ја надоместат штетата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во износ од околу 250.000 евра.
>> ПРЕСУДА: Од 2, 5 до 3 години затвор за организаторите и посредниците, останатите со условни казни (опширна верзија)
24.9.2012 – Судскиот процес е пред самиот крај, денеска се закажа термин за објавување на пресудата. На 22 октомври ќе се прочита пресудата за 40 обвинети меѓу кои има доктори, службеници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, посредници на потенцијални баратели на инвалидски пензии. Во текот на процесот, обвинетите доктори и посредници негираа дека се криминалци, дел од нив со емотивно изјави, а дел се бранеа со молчење. За одбраната, доказите на обвинителството дека тие создале злосторничка група и ја злоупотребиле својата функција, односно примале мито за да издаваат инвалидски пензии, се неосновани.
>> Процесот финишира, пресуда за еден месец (опширна верзија)
05.09.2012 – Иако на видик беше пресудата за докторите и службениците од ПИОМ, процесот при самиот крај се развлече. Со прифаќањето на новите докази, предметот се врати во доказна постапка. Настана забуна во судницата откако судијата забележа дека во судницата не се присутни обвинетиот Љупчо Бутевски и неговиот адвокат Миле Петровски. Остана нејасно каде е Бутевски и дали адвокатот го известил судот за неговото отсуство.
>> Процесот се развлече, еден обвинет не се појави во судницата (опширна верзија)
13.07.2012 –Дел од обвинетите денеска не се појавија во судница, судењето се одложи. На закажаното рочиште судијата треба да одлучи за новите докази што ги предложи одбраната. Се работи за мединска документација и пари најдени во домовите на обвинетите. Судскиот процес за докторите и служедсдбниците од ПИОМ е при крај, наесен се очекува пресуда.
>> Дел од обвинетите не се појавија во судница, судењето се одложи (опширна верзија)
03.07.2012 – Обвинетите ги дадоа целосно своите завршни зборови. Кругот го затворија дел од докторите и оние обвинети кои според обвинителството биле посредници при издавање на инвалидски пензии. Тврдат дека се невини. Првообвинетиот Сашо Јосимовски ја расчисти дилемата зошто бил отсутен на минатото рочиште, како што вели дознал дека нема услови за одржување на главна расправа и си заминал. На следното рочиште, судот треба да се произнесе по предложени докази од страна на бранителите и да закаже термин за пресуда.
>> До читањето на пресудата остана уште малку (опширна верзија)
28.06.2012 – Рочиштето беше одложено поради отсуство на двајца обвинети, меѓу кои повторно првообвинетиот Сашо Јосимовски. Бранителот на првообвинетиот, адвокатот Стеван Павлевски не можеше да одговори каде е Јосимовски бидејќи не можел да оствари контакт со него. Судијата ќе ја проверува недостапноста на Јосимовски и ако сеуште не е пронајден, судот ќе му ги одземе гаранциите и повторно ќе го притвори. Рочиштето е одложено за 03.07.2012 година во 11 часот.
>> Судењето се одложи, првообвинетиот повторно го нема (опширна верзија)
25.06.2012 – Поради ненадејната смрт на Марјан Колишевски, в.д. претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје, рочиштето е одложено за 28.06.2012 година во 10 часот. На следното рочиште се очекува останатите обвинети да се изјаснат пред судот.
05.06.2012 – Поради отсуство на тројца од обвинетите (поради болест) главната расправа се одложи за 26.06.2012 година во 10 часот. Судот ги задолжи бранителите во рок од 3 дена да достават уредна медицинска документација.
29.5.2012 – Завршни зборови дадоа Ѓорѓе Хаџи Ангелковски, Виолета Паневска, Олга Мицева, Борјанка Танева, Јане Бушев, Горан Николовски, Фиданчо Трајановски, Јовица Мацура, Исмаил Ваити, Тодор Пиперковски, Љубе Глигоровски. Обвинетите негираа дека се криминалци. Обвинетите во завршните зборови раскажуваа колку ја сакаат својата професија, со каков ентузијазам ја работеле истата. Сметаат дека Обвинителството нема докази против нив.
>> Обвинетите доктори негираат дека се криминалци (опширна верзија)
15.5.2012 – Рочиштето се одложи поради неприсуство на 1-во обвинетиот Сашо Јосимовски. Следно рочиште е закажано за 29.5.2012 во 11 часот.
>> Oбвинетиoт Кофрц ги негира изјавите на обвинетите дадени во истрага (опширна верзија)
Нему не му е јасно како тој сам за себе не си средил пензија бидејќи е невработен, а може да им средува на други за кои го товари обвинителството. Останатите ги негираат доказите од ПИМ, комуницирале приватно, сведоците не ги ни познавале, а доказите на ЈО не докажувале вина за нив.
7.5.2012 – Денеска завршни зборови даде и првообвинетиот Сашо Јосимовски. Тој рече дека човек не мора да е Анштајн за да види дека предметот Метастаза не чини.
>> Според првообвинетиот Јосимовски обвинението го пишувал поет (опширна верзија)
Снимките од ПИМ не покажувале правно релевантни факти и не докажувале вина, наведе првообвинетиот. Пред Јосимовски завршни зборови даваше и одбраната на дел од обвинетите.
4.5.2012 – Главната расправа стартуваше со завршните зборови на бранителите, адвокатите стојат на тоа дека доказите на обвинителството се неосновани. После првата пауза рочишето финишираше од безбедносни причини, односно поради најавените протести пред судот по повод апсењето на осомничените во акцијата Монструм.
>> Адвокатите сметаат дека доказите на обвинителството се неосновани (опширна верзија)
26.4.2012 – Адвокатите бараа пресуда врз основа на она што е видено и изјавено во судница, а стои како доказ. Забелешки за заштитениот сведок, сумата за којашто се товарат, посебните истражни мерки. Жалби на адвокатите и за текот на судскиот процес. Ова се дел од денешните завршни зборови на адвокатите.
>> Според бранителите пресудата треба да се темели врз доказите изнесени во судницата, а не од доказите од истрагата (опширна верзија)
25.04.2012 – Метастаза е пред финиш. Адвокатите во судницата преку завршните зборови со прст посочија кон работата на обвинителството и употребата на посебните истражни мерки. За дел од одбраната телефонските разговори и пораките не можеле да ја докажат вината.
>> Посебните истражни мерки не ја докажаа вината, тврдат адвокатите во своите завршни зборови (опширна верзија)
Нееднаков третман на судот спрема адвокатите и обвинителот, оштетените се невработени немаат 3000 илајди евра за мито, незаконски одбран сведок, ова се само дел од завршните зборови на одбраната.
11.4.2012 – Нема докази според кои oбвинетиот Слободан Дамјановски сторил кривично дело, oва го кажа во завршните зборови, бранителот на Дамјановски, адвокатот Дончо Наков. Според него обвинителниот акт е правно формално неисправен.
Адвокат Сашо Дуковски наведе дека ниту еден сведок не потврдил за направена штета во Фондот на ПИОМ. Одбраната на обвинетиот Љубе Стојановски адвокатот Драган Малиновски рече дека не биле презентирани докази од ЈО кои потврдуваат поврзаност на Стојановски со останатите обвинети. Адвокатот Стеван Павлевски по паузата не се појави во судница притоа судскиот совет му додели парична казна.
9.4.2012 – Одбраната денеска стартуваше со давање на завршните зборови. Според Стеван Павлевски, бранителот на првообвинетиот Сашо Јосимовски, сведокот на Јавното обвинителство сведочел против обвинетите, поради тоа што за него се води друга кривична постапка, па во прилог му било да сведочи против. Поради оваа причина одбраната смета дека сведочењето не е веродостојно.
Бранителот на второобвинетата Љубица Величковска, Надица Димитрова ги отфрли доказите и побара ослободителна пресуда. Адвокатот Антонио Апостолски наведе дека обвинетиот Азем Кофрц без умисла ги препорачувал докторите кај свои роднини поради нивната добра репутација. За одбраната на обвинетите Бутевски и Трендафилов, обвинението е вештачки конструирано. На 11.4, 25.4 и 26.4 во 10 ч., завршни зборови ќе даваат бранителите на останатите обвинети.
4.4.2012 – По барање на одбраната рочиштето беше одложено. Поради обемноста на предметот и големиот број на обвинети им требало повеќе време за припрема на завршните зборови.
30.3.12 – Поради економичност во постапката обвинителството ги предаде завршните зборови во електронска форма бидејќи се напишани на 309 страници. Одбраната своите завршни зборови се очекува да ги даде на 04.04.12г. во 10 часот.
26.3.2012 – Рочиштето е одложено поради тоа што смрт во семејстовот на еден од обвинетите. На следното рочиште следуваат завршните зборови на јавниот обвинител.
19.3.2012 – Обвинетите го примија прецизираниот обвинителен акт. Се очекува одбраната на следното рочиште да се изјасни по обвинителниот акт.
14.03.2012 – Исказ денеска дадоа тројца сведоци. Сведокот Тодор Димитров негираше дека дал мито за инвалидска пензија.
За разлика од него, сведокот Трајко Саздов остана на исказот даден во текот на истрагата, односно дека дал мито за да добие инвалидска пензија. Саздов рече дека иако според дијагнозата ги исполнувал сите услови за одбрување на пензија, тој во неколку наврати бил одбиван, по што поднел жалба, а потоа се решил да даде мито. Сведокот наведе дека на 21.05.2009г. го дал првиот дел од паричните средства – митото, во износ од 1500 еврa
Третиот сведок, претставник од ФЗО рече дека постоеле нерегуларности во постапките, кои се однесувале на издавање на потврди, односно неиздавање на истите. На сето ова приговараше бранителот на Божиновски. Еден од бранителите приговараше зошто судот не ги извел доказите кои ги поднел во јули 2012 година. По овој приговор, судот донесе решение за изведување на дел од овие докази, а останатите беа отфрлени бидејќи веќе биле изведени во текот на постапката.
Иако денеска обвинетите требаше да го добијат прецизираниот обвинителен акт, истото беше одложено од страна на Обвинителството за 19.03.12г. во 10ч., кога е закажно следното рочиште.
22.2.2012 – Иако двајца од обвинетите беа оправдано отсутни, поради економичност на постапката сведоците од второстепената комисија беа сослушани вон претрес. Во продолжение обвинителот поднесе пречистен текст на обвинителниот акт. Денешното рочиште заврши во 11:30ч.
3. 2.2012 – Судот одлучуваше по предложените докази.
31.1.2012 – Рочиштето е одложено поради отсуство на обвинетата Олга Мицева, една од обвинетите за која што бранителите се задолжени да достават документација со што ќе се потврди дека обвинетата се наоѓа во болница.
30.1.2012 – Сослушани беа вкупно 9 сведоци. Еден од нив сведочеше дека дал мито за да добие инвалидска пензија иако бил сосема здрав освен што имал мали болки во рбетот. Обвинетите го негираа исказот на сведокот тврдејќи дека тој бил многу болен и се повикаа на документацијата што ја поседувал сведокот.
23.12.2012 – Сослушувани беа сведоци предложени од одбраната.
22.12.2012 – Рочиштето е одложено поради оправдано отсуство на еден од обвинетите. Следното рочиште ќе се одржи на 23.12.11г. во 10ч.
16.12.2012 – Сведоците иако беа уредно поканети не се појавија во судница. Судскиот совет го одложи рочиштето за 22.12.11г. бидејќи немаше услови за продолжување на доказната постапка.
18.11.2012 – Главниот претрес почна од почеток поради изминување на 60 дена од последното одржано рочиште. Потсетуваме дека ова е трет пат главниот претрес за овој предмет да почне од почеток.
ЗКП – Член 297, став 5
(5) Ако одлагањето траело подолго од 60 дена или ако главниот претрес се одржува пред друг претседател на советот, главниот претрес мора одновно да почне и сите докази да се изведат повторно.
Обвинетите остануваат на дадениот исказ од последното судење, односно дека не се виновни.
16.11.2012 – Рочиштето се одложи за 18.11.11г. Отсуствуваше првообвинетиот, бил на лекар. Судијата нареди стражарско приведување поради немање докази.
28.10.2012 – Рочиштето повторно се одложи за 16.11.11г., поради отсуство на член на судскиот совет.
12.10.2012 – Рочиштето се одложи поради отсуство на 32-обвинетиот, истиот е хоспитализиран, поднесена е медицинска документација.