/Прочитано:

293

Апелационен суд Скопје: Решение во врска со предметот „Tоплик- Сончев град“

Соопштение

Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет  КОКЖ-137/22, во јавноста познат како „Tоплик- Сончев град“, по одржана јавна седница на 08.06.2023 година, по советување и гласање на нејавен дел од седницата на 06.09.2023 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите М.Ј од С., Т.Ѓ од С., Д.Д. од С., М.Т. од С., Д.Ѓ. од С. И В.Т. од С., изјавени преку нивните бранители, ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување.

Во интерес на јавноста и медиумите вака донесената неправосилна одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот, согласно Начелниот став на Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија од 21.12.2022 година.