/Прочитано:

433

Кривичниот суд за одложувањето на главната расправа за предметот „Тендери“

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека по добиено известување од Судскиот совет за разрешување на судија – поротник, главната расправа за предметот со КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендери“, насроечно за денеска, се одлага се до назначување на нов судија – поротник.
За новите термини за продолжување со главната расправа, јавноста и странките ќе бидат дополнително известени“, соопштуваат од Судот.