/Прочитано:

1.151

„Насилство во Општина Центар“: Барањето на поранешниот премиер Никола Груевски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда е отфрлено како недозволено

 

Соопштение за јавност од Основениот кривичен суд Скопје

Врховниот суд на РСМ до Основниот кривичен суд Скопје достави решение со Квп2 48/2022 со кое советот на Врховниот суд постапувајќи по барање на осудениот Никола Груевски, поднесенo преку неговиот адвокат, за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје со К.бр. 1904/16 и пресуда на Апелациониот суд Скопје со КЖ 253/21, а во јавноста позната како „Насилство во Општина Центар“, донел решение со кое барањето се отфрла како недозволено.

Согласно провостепената пресуда од 29.09.2020 година, барателот за вонредно преиспитување на правосилната пресуда е огласен за виновен и осуден на казна затвор во трење од 1 година и 6 месеци за кривично дело – Насилство од член 386 став 2 в.в. со став 1 в.в. со член 23 од К.З, која пресуда беше потврдена со пресуда на Второстепениот суд од 10.09.2021.