/Прочитано:

1.070

Осудителна пресуда во предметот „Трезор“

Кривичниот суд денеска изрече пресуда во предметот „Трезор“, кој се однесува на начинот на набавка на опрема за следење на комуникациите од Велика Британија.

За злоупотреба на службената положба и овластувања Сашо Мијалков е осуден на 8 години затвор, Горан Грујевски на 15 години затвор, а Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ на 5 години затвор. Во врска со предметот Кривичниот суд определи и конфискација на имот и надоместување на штетата направена на државниот буџет, која се проценува дека е околу 860 илјади евра.

Исто така, денеска Обвинителството побара нов притвор за Мијалков поради опасност од бегство. Судот го прифати барањето на Обвинителството. Осудените во предметот со првостепена пресуда имаат право на жалба до Апелациониот суд.

М.В