Пресуда на Управниот суд во врска со случајот на поранешната претседателка на Судскиот совет Весна Дамева
Соопштение
Поради зголемениот интерес на јавноста во врска со предметот У-5.бр.618/23, по поднесена тужба од страна на тужителот Весна Дамева од Скопје против Одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.02-934/1 од 04.05.2023 година, Ве известуваме дека Одлуката на Управниот суд по наведениот предмет, У-5.бр.618/23 од 14.12.2023 година, е објавена на веб страната на Судот, анонимизирана согласно член 9 од Законот за управување со движењето на предметите во судовите (Службен весник на РСМ бр.42/2020), и истата е во прилог на ова соопштение.
Управен суд