/Прочитано:

6.687

Пресуда за убиството на Никола Саздовски – Саздо

Кривичниот суд денеска ги осуди Бесир Беља и Скендер Демири на 19 години затвор за убиство на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо. Третообвинетиот Јетон Љужа е во бегство и е недостапен за надлежните органи. Осудените треба да им исплатат и парична отштета за душевна болка на членовите на семејството на Саздовски.

Според Кривичниот суд, обвинетите кои дејствувале заедно се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски. Свирепиот начин на лишување од живот го истакна и Обвинителството во обвинителниот акт кој го поднесе во месец септември минатата година.

„На обвинетите им се става на товар дека заеднички и на свиреп начин го лишиле од живот оштетениот Никола Саздовски. Од ударите оштетениот се здобил со тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот и западнал во коматозна состојба. Тој бил пренесен во ургентниот центар при Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’. Истиот ден бил пренесен во Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар – Скопје, Одделение за анестезија и реанимација, каде на 3 јули 2018 година била констатирана мозочна смрт. Како резултат на здобиените повреди, на 9 јули 2018 година оштетениот починал“, беше наведено во обвинителниот акт.

ЈОРМ: Поднесено е обвинение против две лица за убиството на Никола Саздовски

M.В