/Прочитано:

8.778

Соопштение на Кривичниот суд за определениот притвор за Рашковски

„Заради интерес на медимуте околу предлогот на Јавниот обвинител во однос на „истрагата за набавка на софтвер“ , ја информираме јавноста дека Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по жалби изјавени против решенијата на судија на претходна постапка од 16.04.2021 година со кои на Д.Р. и Д.С. им се определува мерка куќен притвор со дополнителни мерки за претпазливост, денеска одржа јавна седница, по која ценејќи го предлогот како и изјавените жалби, донесе решение со кое ја прифати жалбата на Јавниот обвинител и го преиначи решението на судија на претходна постапка.

Со тоа на осомничените Д.Р. и Д.С. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2 од КЗ“, соопштуваат од Кривичниот суд.

ЈО: Отворена постапка по допрен глас за спорниот тендер за радарски систем

Антикорупциската комисија отвори повеќе предмети и бара Обвинителството да отвори постапка за дивоградбите на Матка

Рашковски: Не сум учествувал во незаконски дејствија

М.В