Судења за случаите „Поткуп“ и „Сопот“ денеска во Основниот суд Скопје 1 – Скопје
На судското рочиште за случајот „Поткуп“ веќе се појави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал од струмичкиот бизнисмен Иван Николов поткуп од околу 160 000 евра за приватизација на градежно земјиште за изградба на црква. Последното рочиште на овој судски процес, кој беше закажан на 22 ноември, се одложи бидејќи беше во тек изборната кампања за предвремените парламентарни избори.
Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска се закажани две рочишта, едното за случајот „Поткуп“, а другото за случајот „Сопот“.
На судското рочиште за случајот „Поткуп“ веќе се појави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал од струмичкиот бизнисмен Иван Николов поткуп од околу 160 000 евра за приватизација на градежно земјиште за изградба на црква. Последното рочиште на овој судски процес, кој беше закажан на 22 ноември, се одложи бидејќи беше во тек изборната кампања за предвремените парламентарни избори.
Случајот „Сопот“ е стар 13 години и се однесува на експлозија на мина при што загинаа три лица, односно двајца полски војници и еден цивил. Иако во овој случај веќе беа осудени жители на селото Сопот, случајот беше вратен на почеток, а надлежност за овој случај неодамна побара Специјалното јавно обвинителство. Во соопштението на СЈО, објавено кон крајот на ноември, се вели:
„Како што и претходно појаснивме, врз основа на јавно објавен разговор, побаран е предметот познат во јавноста како „Сопот“, а со цел да се произнесеме за нашата надлежност врз него.
Сакаме да појасниме дека обвинението поднесено против обвинетите во случајот „Сопот“ е поврзано со содржината и со кривичните дела кои произлегуваат од содржината на разговорот кој се однесува на наведениот случај, па со оглед на ваквите околности ние имаме законска обврска да го побараме овој предмет со цел да се произнесеме за нашата надлежност врз него.
Сакаме да укажеме дека периодот од 2008 година до 2015 година, кој е наведен во Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, се однесува исклучиво на времето на реализација на незаконски следените комуникации, а не и на времето кога се случил одреден настан“, се вели во соопштението на СЈО.
А. Б.