/Прочитано:

1.301

„Топлик“: Миле Јанакиески осуден на три и пол години затвор

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како првообвинет во случајот „Топлик”, кој спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс Сончев град во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа, денеска е прогласен за виновен од Основниот кривичен суд Скопје и е осуден на три и пол години затвор.

На претседателот на Комисијата за јавно наддавање, обвинетиот Томе Ѓурчилов, изречена му е затворска казна во траење од три години затвор, додека останатите обвинети членови на Комисијата, Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Весна Томчевска добија условни казни затвор од две години.