/Прочитано:

2.928

Застареност за кривично гонење на Груевски во предметот „Траекторија“

На барање на одбраната, Кривичниот суд одлучи дека е настаната апсолутна застареност за кривично гонење на поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Траекторија“, кој се однесува на изградбата на кинеските автопати. СЈО го гонеше Груевски за примање награда за противзаконито влијание.

Апсолутна застареност на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на кривичното гонење.

Во предметот „Траекторија“ обвинети се и поранешните министри Миле Јанакиески и Владимир Пешевски, но тие се гонат за кривични дела за кои се предвидени повисоки казни.

M.В