/ Прочитано:

959

СУДИИТЕ НА СОВЕТУВАЊЕ: „Заштита од вознемирување на работно место – мобинг“

Вторник, 11 ноември 2014 – Согласно Kаталогот за задолжителна континуирана обука  за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев денеска во своите простории организира советување на тема „Заштита од вознемирување на работно место – мобинг“. 

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.

 Излагања поврзани со темата на советувањето ќе имаат: д-р Зоран Михајлоски, судија на Апелациониот суд Скопје; судија Хилда Мешкова, Основен суд Скопје 2 и судија Бојана Велковска, Основен суд Скопје 2.