/ Прочитано:

860

Судска одлука: Шефот може да им нареди на жените да носат градник на работа и да им одреди должина на нокти

Понеделник, 3 февруари 2014 – Германски суд одлучи дека шефовите имаат право да им наредат на вработените дами да носат градник на работното место, а можат да им ја одредат и должината на ноктите.

Носењето градник и уредните нокти пократки од половина сантиметар не навлегуваат во личните права, односно со тоа тие не се нарушени“, посочува Државниот Суд во Северна Рајна – Вестфалија, чија одлука се однесува на сите работни места.

Исто така, градниците можат да бидат во разни бои, но не смеат да се гледаат низ облеката. Ако жените носат долна облека во интензивни бои, тогаш мораат да носат и поткошула.

Според пресудата, шефот има „јурисдикција“ и врз мажите – тие можат да имаат брада, но шефот има право да побара таа да им биде уредна.