/ Прочитано:

1.200

Супер адвокатот на Њујорк, Блеин Бортник: Компаниите мора да знаат како да ги менаџираат правните ризици!

Управувањето со правните ризици е клучно прашање, не менаџирањето на ризикот и носи проблеми на компанијата, вели за АКАДЕМИК истакнатиот адвокат од САД, Блеин Бортник, партнер на брендираната адвокатска компанија „Blaine Bortnick, Liddle & Robinson“. Бортник, адвокатот кој неколкупати е прогласен за „Супер адвокат“ на сојузната американска држава Њујорк беше еден од предавачите на првата регионална Конференција за управување на правните ризици што во организација на АКАДЕМИК се одржа во Скопје. Огромен број на правници заедно со предавачите од целиот Балкан имаа можност да ја слушнат прецизната анализа на еминентниот адвокат, за дистинктивноста помеѓу американскиот и европскиот правен систем во областа на трудовото право. 

Како гледате на конференцијата во Скопје, вашето мислење за значењето на конференцијата?

„Тоа е регионална, но всушност е меѓународна конференција, така јас гледам на работите, за адвокати и компании кои бараат начин да го менаџираат правниот ризик во различни ситуации. Мојата тема, на пример, се однесува на работните односи и вработувањето во САД, така што, ако сте адвокат што дава совети на компанија овде, а работи и во САД, значи компанијата од овде ако сака да започне бизнис во САД, треба да знае како да го менаџира ризикот при вработувањето.

Се согласувате ли дека менаџирањето на правните ризици е иден тренд?

„Сметам дека ова е клучно прашање. Една од работите за која зборував на конференцијата е тоа како целата работа излезе од колосек, за тоа како луѓето не го менаџираат соодветно ризикот, па компанијата се соочува со значителни проблеми. Така што, навистина сметам дека прашањето е апсолутно од клучно значење и дека тоа се повеќе и повеќе компании го препознаваат“.

Ве сметаат за супер адвокат во Њујорк за 2007, 2009 и 2010 година.  Можете ли да ни објасните што тоа значи: супер херој во судницата, супер победник меѓу адвокатите или нешто друго?

„Супер адвокати“ е некаков вид на организација која одлучи да состави листа на адвокати од јурисдикциите на одделните држави, за да направи список на адвокати што го практицираат правото во различни области и тоа го користат како маркетиншки инструмент… Адвокатите всушност го користат како маркетинг инструмент и „Супер адвокати“ го користат како маркетиншки инструмент. Имаат веб страна на која се пребаруваат адвокатите итн. Тоа е процес низ кој тие самостојно прават истражување за да ја состават нивната ранг листа“

Ќе можете ли да ни кажете што е ново на адвокатската сцена во Њујорк: повеќе случаи, повеќе пари….?

„Што е ново? Па, мислам дека најновото нешто што излезе во последниве неколку месеци е прашањето на стажирање. Луѓето од целиот свет доаѓаат на стажирање, не се платени, а сакаат да стекнат искуство. Во последниов период има одреден број случаи кои доаѓаат од Њујорк, во кои се гледа дека тоа не мора да биде така, дека треба да им се плати на овие луѓе. Денес видов еден напис дека издавачите во целиот свет ги намалуваат бројот на стажанти, токму заради овој проблем, што треба да им платат. Така што сметам дека ова е најновото што се случува во последно време во Њујорк“.


Објавено: 27.03.2014

Разговараше: Паула Божиновски