/ Прочитано:

7.337

СВЕЧЕНА ЗАКЛЕТВА НА НОВИТЕ АДВОКАТИ

Шеесет и пет нови адвокати се здобија со лиценци за вршење на адвокатската дејност во декемвриска сесија 2016 година. „Никогаш не потклекнувајте и бидете горди на својата професија“, им порача претседателот на АКРМ, Никола Додевски, на новите адвокати.

akad 4
Новите адвокатите дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придржуваат до Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот на Комората, Кодексот на адвокатската етика и дека во сите свои постапки ќе внимаваат на угледот на адвокатурата како јавна служба.

akad 4

„Адвокатурата е самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон“, се пропишува во Уставот на Република Македонија.

akad 4
Во извршувањето на своите обврски адвокатот е независен и не смее да дозволи никакви влијанија од трети лица, или неговите лични интереси или интересите на трети лица и надворешен притисок да влијаат на него во извршувањето на неговите обврски кон клиентот.

akad 4

„Адвокатот е должен да не дозволи никакво нарушување на неговата независност и да не ги прекрши своите професионалните принципи со цел да му угоди на кого било, па и на својот клиент“, се вели во Кодексот на етика на адвокатите.

akad 4

Помеѓу адвокатот и клиентот, се истакнува во Кодексот,  мора да постои однос на доверба, а тоа може да се постигне исклучиво доколку адвокатот поседува лично достоинство, чесност и интегритет.

akad 4

„Овие традиционални вредности за адвокатот се и професионална обврска“, се пропишува во Кодексот на етика на адвокатите, каде што се истакнува и дека помеѓу адвокатот и клиентот мора да постои однос на доверба.

akad 4
Доверливоста, се вели во Кодексот, е примарно и фундаментално право и обврска на адвокатот затоа што суштината на професијата адвокат му овозможува на адвокатот да дознае и работи што клиентот не би му ги соопштил на друг.

akad 4

Без функционирање на принципот на доверливоста не може да постои ни доверба помеѓу адвокатот и клиентот.

akad 4

Обврската на адвокатот за почитување на принципот на доверливост е временски неограничена и важи за сите информации кои ќе ги дознае од својот клиент во вршењето на својата професионална активност.

akad 4

Принципот на доверливост, се вели во Кодексот за етика на адвокатите, му обезбедува на адвокатот специјална заштита од државата.

akad 4

Адвокатската комора на Република Македонија во извршувањето на работите од својот делокруг обезбедува унапредување на адвокатурата како самостојна и независна јавна служба и ефикасно обезбедување правна помош и вршење јавни овластувања.

akad 4

„Почитувани колеги и колешки, добре дојдовте во македонската адвокатура. Морам да ви кажам дека ќе ви биде многу убаво, но нема да ви биде лесно“, истакна во своето излагање претседателот на АКРМ, Никола Додевски.

akad 4

Македонските адвокати, додаде Додевски, секогаш во историјата, а и денеска се борат за да ја соочуваат својата позиција, за да го зачуваат угледот на адвокатурата и за да го обезбедат својот опстанок.

akad 4

„Не е адвокатурата професија во која успехот доаѓа сам по себе, туку адвокатурата е професија во која сè што ќе дојде треба да се заслужи и сериозно да се одработи и заработи…“

akad 4

„Имајте предвид дека на тој начин резултатот нема да изостане. Имајте предвид дека колку посериозно работите, колку повеќе ја цените адвокатурата, колку повеќе ја сакате професијата толку поуспешни ќе бидете. Местото во адвокатурата сами ќе го најдете, но доколку не се пронајдете, и тоа не е страшно, и за тоа има решение и излез…“

akad 4

„Тие што од преголема желба или амбиција решиле сами да отпочнат, доколку не успеат во својата првична цел, секогаш можат да се обратат кај повозрасните колеги, ќе продолжат да работат кај нив, вратите се секогаш отворени. Оние, пак, што самостојно ќе можат да го остварат она што го замислиле, уште подобро“, истакна Додевски.

akad 4
Додевски им порача на новите адвокати никогаш да не потклекнуваат и да бидат горди на својата професија затоа што адвокатурата е секогаш на браникот на човековите права и тоа е професија чиј префикс е прогресивноста.

akad 4
„Секогаш бидете со исправен ҆рбет во судницата и надвор од судницата. Бидете горди, и на тој начин ќе го исполните првиот предуслов за добар адвокат. Немојте да дозволите опасно однесување, немојте да дозволите во судницата да бидете незначителна фигура, декор – тоа не е македонската адвокатура, тоа не е адвокатура воопшто! Тие што ќе се однесуваат така не ја заслужиле лиценцата што ќе ја добијат денес. Се надевам дека нема такви помеѓу вас…

akad 4

…Адвокатската комора прави сè за овој ден да биде значаен и сакам како таков да го запомните. Запомнете дека не се станува припадник на една ваква важна професија секој ден. За крај, она што би сакал да ви посакам не е само успех, не е само достоинство, туку и многу добра заработка. Нека ви е со среќа!“, нагласи претседателот на АКРМ, Никола Додевски.

(М.В)

akad 4

akad 4

akad 4

akad 4akad 4akad 4 akad 4

akad 4