„Тајвански кредити“: Завршен збор на ОЈО
Случај: „Тајвански кредити“
Завршен збор: Јавен обвинител Снежана Бундалевска
При изведување на доказите кои што беа предмет пред овој суд по својата содржина и обемност, делумно со изменети аспектите по однос на суштинско утврдување на дејствијата кои им се ставаат на товар на обвинетите, ценам дека во поглед на противправноста се докажа фактот за стореното кривично дело односно за кое се водеше постапката. Имено неспорен е фактот и околноста дека врз основа на спогодба склучена меѓу Интернационална Комерцијална банка на Р.Кина и Владата на Р.Македонија од Тајванската кредитна линија на РМ се доделени кредитни средства во поголем износ со строго наменско дефинирано користење заради кредитирање на усвоени програми на Владата на РМ за кредитирање на инфраструктурни и стопански дејности во РМ доверени во надлежност на Агенцијата за обнова и развој како посебен владин огран наменет за вршење на припремни работи чија што специфична надлежност е дивизната кредитна линија.
……..
Тупурковски и неговиот заменик Јован Андонов согласно службените ингеренции во рамки на органот каде ја обавувале својата служба. Во ваквата писмена согласност која претставува и своевиден налог и од аспект на облигациониот аспект на комерцијалното работење се налага исплата на девизни средства во полза на сметката на „Алмако Вино Био“ каде пред постоење на дефинирана договорена регулатива е предвиден и рок на уплата враќање на кредитот по соодветна каматна стапка и обезбедување кое треба да биде извршено преку обезбедување на залог од продажба на обработено вино. Банката постапува по налогот за исплата иако со повеќе писмени дописи ја информира Агнецијата на некомплетност на доставената документација преку обврска согласно валидноста на документите договорот кој после неколку дена при склучување на облигациониот договор за комисионо работење заради одобрување на кредитот и извршувањето да биде извршено од страна на АОР да биде склучен и потопишан од страна на директорот со соодветно обезбедување како би се извршила исплатата. До ваков договор не е дојдено ниту пак е пристапено до соодветното пристапување предивдено во согласност која била во доменот наАгенцијата за обнова и развој.
……..
Од претставникот на „Земјоделска банка“ произлегува дека се работи за спротивно посредување на средства каде истата учествува во доменот на сервисирање и следење на пласман од движењето на позајмените средства преку исплата до конечно враќање бидејќи се работи за сезонска работа поради откуп на грозје и преработка на вино така што во преговорите кои што непосредно се вршени од страна на обвинетиот Васил Тупурковски при пласманот на кредитот не станало збор за било каква обврска за обезбедување, а договарањето и следењето на исплатата била во исклучителна надлежност на АОР.
……..
Во тој контекст сметам дека одобрувањето на кредитите спроведено во една незаконска процедура е напрaвено спротивно на интересите на службата поради кои доспеаноста на кредитното барање и ден денес се наплатува преку Министерството за финансии кои ја презело обврската за надомест на штетните последици од работењето на обвинетиот.
>> Завршниот збор целосно можете да го проследите тука.