/ Прочитано:

962

Тркалезна маса: „Судски постапки и ефикасност на судовите“

Четврток, 31 октомври 2013 – УСАИД заедно со Здружението на судии на Република Македонија, а во соработка со Адвокатската комора на Република Македонија организира Тркалезна маса на тема „Судски постапки и ефикасност на судовите“.

Тркалезната маса ќе се одржи на 7 ноември (четврток) во Скопје, хотел Холидеј Ин, со почеток во 10:00 часот.

На тркалезната маса, која е замислена како форум, учесниците ќе имаат можност да изнесат прашања, забелешки и проблеми со кои се соочуваат во текот на целокупната постапка пред судовите.

„Сите адвокати кои се заинтересирани да земат активно учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk, најдоцна до 01 Ноември 2013 година“, известуваат од АКРМ.