/ Прочитано:

1.083

Тројца пукале, двајца помогнале да се изврши масакрот кај Смиљковското езеро

Среда, 2 мај 2012 – Полицијата го има планот на дејствување на терористичката група и квалитетни материјални докази, но во интерес на истрагата, МВР молчи пред јавноста. 5 кривични пријави за тероризам, останатите за помагање на тероризам и поседување и трговија на оружје, ова е исходот на денешната прес конференција на МВР на која присуствуваа стотина медиумски работници, дел од нив и странски.

“Ги откривме сите околности, го откривме текот на настаните меѓутоа во оваа фаза неопходно е да заврши распитот пред истражен судија за да одиме со обеледување на одредени детали бидејќи не би сакале информирањето на јавноста да влијае на квалитетот на доказите кои што ги презентираме пред истражниот судија. Се работи за најсериозното кривично дело со кое македонската полиција се соочила и се работи за една истрага која ја водеа огромен број на полициски службеници“, истакна министерката.

Тројца стрелале во петмината рибари кај Смиљковско езеро

На прес конференцијата за новинари, министерката на МВР Гордана Јанкуловска го објасни дејствувањето на осомничените на 12 април кај Смиљковското езеро.

Околу 20 часот, осомничените од кои едниот 32 години и брат му 33 години, заедно со уште еден 27 годишен на брз и прецизен начин ја извршиле егзекуцијата на петтмината недолжни жртви. Пукале со 2 автоматски пушки и 1 пиштол, па оттаму со автомобилот Опел Омега се упатиле кај местото Вражји вир. Таму другите двајца осомничени им помогнале да ја преминат косовската граница.

При претреси на МВР во селото Отља кај шеесет годишен жител е пронајден голема количина  оружје  и муниција и тоа со големина од 7,62; 12,7 и 14,5 милиметри. Кај татко и син во Арачиново пронајдени се два пиштола и рамки со муниција. Освен оружје полицијата пронајде албуми со слики од припадници на УЧК, маскирни кошули, маски за лице, радио станици. Полицијата е убедена дека се работи за тероризам, имаат квалитетни материјални докази мегутоа сеуште трае распитот пред истражен судија и истрагата е во тек, па министерската увери дека не може да даде дополнителни информации. Денеска МВР не откри дали станува збор за меѓународен или домашен тероризам и кој е финансиер на акцијата.