/ Прочитано:

760

„ЦИВИЛ“: 300 граѓани пријавиле повреда на човековите права

Четврток, 6 март 2014 – Повреда на човековите права како откази од работно место, кршење на правата за здравствена заштита, притисоци и откази поради партиска определба, се наведуваат во извештајот на Центарот за слобода „Цивил“.

Овие случаи, кои се изразено во бројка се речиси триста, ги поднеле граѓани кои тврдат дека биле дискриминирани или им биле повредени или нарушени  човековите права и слободи.

„Административците, особено оние кои се сметаат за симпатизери или членови на друга партија се деградираат и врз нив се вршат притисоци, во малите фирми и претпријатија работничките права се во очајна состојба, а и покрај големата безработица статусот невработен во денешно време тешко се регулира“, изјави Џабир Дерала од Цивил.

Политичката дискриминација според Цивил е најчеста форма за прекршување на правата на граѓаните па дури и на оние кои не се политички определени, но најлошо велат е што во поново време дури и статусот невработен станува привилегија.

Од „Цивил“ најавуваат дека како завршница на проектот „Избери демократија“ невладината Цивил организира протест  в петок во 12 часот напладне, чија цел е, како што велат, јакнење на свеста кај граѓаните за човековите права и промовирање на солидарноста како вредност

Инаку Центарот за демократија Цивил активно работи во сферата на заштита на човековите права и има отворени центри во Велес, Битола, Тетово и во Скопје, во кои граѓаните слободно можат да се обратат кога сметаат дека нивните права се повредени, без разлика дали станува збор дискриминација во јавната или приватната сфера, односно повреда на човековите права во државни институции или за приватни фирми.