Црниот лабрадор Адон раскопа 13 килограми марихуана скриени во џип на Табановце
Четврток, 11 април 2013 – Вчера околу 20 часот, за излез од Македонија на граничниот премин Табановце пристигнал албански џип управуван од албански државјанин со иницијали М.Б. и сопатникот Ф.С исто така албански државјанин. Мобилната царинска екипа која во тој момент вршела контрола на граничниот премин го селектирала возилото за преглед. Тогаш настапил Адон, црниот царински лабрадор кој веќе стана недостижен во откривањето на дрога. Неговата муцка надушкала 13 килограми марихуана сокриена во внатрешниот дел на вратите на возилото.
На граничнот премин Табановце вчера околу 20 часот во редот за контрола се поставил џип со албански таблички, а во него се наоѓалеМобилната царинска екипа која во тој момент вршела контрола на граничниот премин го селектирала возилото за преглед. Тогаш настапил Адон, црниот царински лабрадор кој веќе стана недостижен во откривањето на дрога. Откако Адон намирисал дека во џипот има дрога почнал вознемирено да копа во делот каде што била сокриена марихуаната што било знак дека треба да се направи детална контрола на возилото.
Од спроведената предистражна постапка, утврдено е дека осомничените имале намера да ја превезат марихуаната од Албанија до Будимпешта, Унгарија, каде што едниот од нив требало да се сретне со својата поранешна девојка. Осомничените меѓусебно не се познавале. Нив ги запознало лице кое е организатор на целокупниот транспорт, исто така албански државјанин на денот на тргнувањето. За транспортот на дрогата, ден пред тргнувањето било изнајмено возило во кое подоцна била сместена марихуаната.