/ Прочитано:

710

Тужба против Ангела Меркел: Хакери тврдат дека германската Влада ги толерирала американските шпиони

Понеделник, 3 февруари 2014 – Група на хакери и борци за заштита на човековите права од Германија соопштува дека против Владата на Германија ќе поднесат тужба поради непочитување на Законот за помагање на странски шпиони.

Во соопштението на „Каос компјутер клуб“ и Меѓународната организација за човекови права се наведува дека ќе поднесат тужба во која се тврди дека германската канцеларка Ангела Меркел и нејзината Влада го толерирале шпионирањето. Според нив, Владата на Германија им помагала на американската Национална безбедносна агенција (НСА) и британската известувачка агенција за да ги шпионираат Германците. Како доказ за тие тврдења, споменатите организации наведуваат документи кои во јавноста ги објави поранешниот американски известувач Едвард Сноуден, а кој укажува на масовно шпионирање ширум светот кое го спровела НСА. Во соопштението се наведува дека тужбата треба да ја поттикне неопходната истрага за федералното обвинителство, во врска со наводите дека германските официјални лица и странски шпиони ги прекршиле германските закони. Германското државно обвинителство веќе неколку месеци ја разгледува можноста на покренување истрага за активностите на американската НСА.