/ Прочитано:

2.246

Уапсен балканскиот нарко-бос Насер Келменди

Вторник, 7 мај 2013 – Насер Келменди по кого БиХ имаат распишано меѓународна потерница и кој се наоѓа на црната листа на Стејт департментот, како еден од најголемите нарко-босови кој претставува закана за САД, е уапсен синоќа во Приштина, потврди за Танјуг портпаролот на косовската полиција Баки Келани.

„Косовската полиција уапси на 5 мај околу 20 часот две лица, од кои за едниот има распишано меѓународна потерница, додека другото лице е уапсено заради давање помош на човекот од потерницата“, изјави Келани.

Врз основа на барање на Обвинителството на БиХ, лани во септември е распишана меѓународна потерница за Келеменди и повеќе други осомничени заради тешки дела на организиран криминал во БиХ.

Насер Келеменди е означен како лидер на една од најсилните криминални групи на Балканот, а во јуни лани е ставен и на црната листа на САД. Американскиот претседател во специјален извештај на Белата куќа го означи како главен дилер на дрога на Балканот.