/ Прочитано:

906

Се расплетува грозоморното убиство на мексиканската туристка во Сплит

Среда, 3 октомври 2012 – Сплитската полиција го уапси 28 годишниот Еди. М кој е осомничен за убиството на мексиканската туристка Селен Мачедо. Според првичните информации станува збор за невработено лице кое понекогаш се занимава со градежни работи, а е роден и живее во Сплит. Од полицијата информираат дека имаат многу цврсти докази, но се уште не е познат мотивот на убиството, пишува „Далмација Њуз“. 

Туристката Селен Мачедо од Мексико е брутално убиена во шумата кај сплитското брдо „Марјан“

Според информациите на полицијата, истрагата покажала дека осомничениот во шумата на паркот „Марјан“ ја пресретнал Селена и со леплива трака и ја преврзал устата и рацете при што ја однел на скриена локација. Таму, делумно ја соблекол со помош на кујнски нож и и направил рана на вратот при што Селена искрварила до смрт. После тоа мртвото тело го покрил со земја и гранки, а нејзините лични работи, ножот со кој ја убил и својот дрес од Милан што го носел на себе, ги ставил во нејзиниот ранец кој го фрлил не многу далеку од местото на злосторството. Ранецот е пронајден во текот на истрагата.

Спортски дрес помогна за пронаоѓањето на oсомничениот

Сплитската полиција во текот на истрагата направила преку 300 ДНК анализи, а на разговор во полициска станица биле повикани преку 80 лица, сепак до денеска немало никакви резултати. Хрватската полиција побарала помош од своите колеги во Србија за да се утврди идентитетот кому припаѓа дресот на „Милан“ што бил пронајден во ранецот на жртвата. Приведени биле околу 38 лица, но се утврдило дека ниту еден од нив нема никаква поврзаност со дресот.

За среќа, сосетка на осомничениот откако на телевизија го видела пронајдениот дрес на кој било испишано името Рекси се сетила дека истиот му припаѓа на нејзниот сосед кој што има куче по име Рекси. Пријавила во полиција, а откако на осомничениот му биле земени ДНК отпечатоци, веднаш бил уапсен.

Еди. М живее со неговиот брат и двајцата родители во мирна населба во Спит. На полицијата и бил познат поради извршени две мали кражби.

Прошетката низ сплитскиот „Марјан“, завршила кобно за Mексиканката

Мексиканката Селен Маргарит Грациано Мачедо исчезнала на 22 август оваа година за време на нејзиниот туристички престој во Сплит. Нејзиниот брат веднаш пријавил во полиција и им објаснил дека тие биле заедно на брдото „Марјан“, источно од градот Сплит, се фотографирале. Потоа тој се вратил во хотелот, а Селен се симнала на прошетка во шумата. По неколку дена, нејзиното безживотно тело било пронајдено во шумата „Марјан“, а по една седмица на 20 метри од телото е пронајден и ранецот на жртвата. Во него полицијата пронашла фотоапарат, три сендвичи, дрес на  „Милан“ на чија позадина било испишано името „Рекси“ и кујнскиот нож со кој се претпоставува дека е извршено убиството.