/ Прочитано:

1.045

Уапсен е познат тетовски криминалец под сомнение дека поседувал погон за пакување на дрога

Петок, 9 ноември 2012 – Вчера вечер во Тетово полицијата открила погон за пакување на дрога. Станува збор за домот на тетовецот Нашид Б. (54) кој и е добро познат на полицијата како досегашен сторител на серија кривични дела. По рацијата во домот на познатиот тетовски криминалец освен погонот, пронајдено е и значително количество на дрога.

Полицајците во домот на осомничениот запленила три кеси прашкаста материја. Засега не се знае за каков вид на дрога се работи, па запленетите кеси дополнително ќе се вештачат. Освен дрогата, полицијата запленила уште и дигитална вага, таблети, како и алуминиумски фолии и празни кеси. Според полицијата тоа се реквизитите што  дилерите ги користат за пакување на дрогата.