/ Прочитано:

1.009

Уапсен осомничениот за убиството на сопружниците од кичевско

Петок, 31 мај 2013 – Во текот на вчерашниот ден и вечерта во тетовско имало акција за лоцирање и апсење на осомничениот А.Л. (37), за двојно убиство на сопружници, извршено во кичевското село Србица лани во септември, информираат од МВР.

Според првичните информации на полицијата, осомничениот е уапсен по долга акција која го открила неговиот идентитет но, не можела да го лоцира каде се наоѓа во Македонија. Станува збор за албански државјанин кој во Македонија доаѓал на сезонска работа.

Тој според првичните информации со уште две непознати лица, минатата година во септември, заедно со уште две непознати лица упаднал во куќата на 69-годишните Иса и Селиме С., учествувал во нивното грозоморно убиство и потоа ја ограбил куќата изнесувајќи околу 12.000 долари и златен накит. 

Двете жртви биле печалбари во Америка кои секоја година доаѓале во родното село Србица. Телата на жртвите беа најдени на 2-ри септември лани кога соседите отишле да ги посетат. Убиените биле врзани со алишта за да не даваат отпор.

Осомничениот вчера е предаден на истражен сдуија во Основен суд Гостивар при што му е одреден 30 дневен притвор. Полицијата трага по другите две лица, осомничени за двојното убиство и грабежот во селото Србица.