/ Прочитано:

1.409

Уапсени сопственик и сметководител на градежна фирма — се сомничат за финансиски криминал тежок 430 илјади евра

Четврток, 4 септември 2014 – Сопственикот и сметководителот на градежната фирма „ДОРА“ од Скопје се уапсени поради сомневање за сторен финансиски криминал тежок 430 илјади евра и помагање, информираат од Управата на финансиската полиција.

А З.С.(55)  е приведен поради постоење основано сомнение дека активно учествувал во извршувањето на кривичните дела и за помагање на првопријавениот во вршењето на инкриминираните дејствија.

Според Финанасиската полиција, С.Д. во својство на управител и сопственик на правниот субјект  „ДОРА“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, потпомогнат од З.С.со намера да се стекне со противправна имотна корист, во периодот од 2009-2014 година прикажал невистинити податоци во сметководствената евиденција на правното лице ДОРА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, при што евидентирал фиктивни податоци за наводни набавки на стоки и услуги со вклучен ДДВ, кои никогаш не се набавени ниту платени, а по која основа неосновано е извршена одбивка на ДДВ и со тоа неосновано е намалена обврската за ДДВ во вкупен износ од 7.299.201,00 денари.

По налог на С.Д., З.С(55), како што истакнуваат од полицијата, во книговодството на правниот субјект ДОРА ДООЕЛ од Скопје евидентирал непостојни фактури од непостојниот и измислен коминтент СТОЈАН КОМЕРЦ, за кој по извршените проверки се утврди дека воопшто не постои во Република Македонија.

Како што известуваат од Управата за финансиска полиција, во ДОРА ДООЕЛ Скопје при извршените проверки во сметководственото биро кое е задолжено за водење на сметководство на истото правно лице е утврдено дека во текот на јули 2014 година од страна на второпријавениот извршен е обид за измени во книговодствената евиденција на ДОРА ДООЕЛ од Скопје.

По барање на јавен обвинител, Основното јавно обвинителство од Скопје, а заради основано сомневање за сторено кривично дело даночно затајување, кривично дело фалсификување или уништување деловни книги, помагање на пријавените, им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

З.С. и од претходно ѝ е познат на Финансиската полиција бидејќи во јануари 2014 година против него е поднесена уште една кривична пријава поради даночно затајување и фалсификување или уништување деловни книги.