/ Прочитано:

906

Убиен одборник на општина Северна Митровица

Четврток, 16 јануари 2014 – Одборникот во Собранието на општина Северна Митровица, Димитрие Јаниќијевиќ е убиен ноќеска пред неговиот дом во северниот дел на Косовска Митровица.

Како што јави Танјуг, Јаниќијевиќ бил убиен некаде по полноќ, кога врз него било пукано од автоматско оружје. По нападот тој бил пренесен во болницата во Косовска Миторвица, каде бил примен „без знаци на живот“.

На претходните локални избори, 35-годишниот Јаниќијевиќ беше кандидат на Самостојната либерална партија за градоначалник на Косовска Митровица. 

Мотивите за нападот и убиството на Јаниќијевиќ засега не се познати. Јаниќијевиќ е татко на три деца, а неговата сопруга е бремена со четврто.

Тој, како што јавуваат новинските агенции, бил сопственик на продавницата „Форнети“.