/ Прочитано:

1.123

Убиство во Чаир: Разбојник си го убил партнерот во злосторството

Вторник, 8 мај 2013 –  Утринава околу 3 часот во скопски Чаир на улицата „Менделеева“ се случувала крвава драма. Двајца браќа си ги бранеле семејствата од разбојници, при што едниот разбојник по грешка го убил другиот.

Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, две непознати лица вооружени со пиштол и автоматска пушка влегле во станот на двајца браќа. Браќата ги забележале разбојниците на влезната врата и веднаш им се спротивставиле.

Настанала вистинска турканица во ходникот во која едно од непознатите лица испукало еден куршум кон нив, но не ги погодило браќата, туку го усмртил другото лице А.Г.(22) од Скопје, по што се дало во бегство. 

Според МВР, браќата М.З. и Б.З. се повикани на разговор во ПС Кисела Вода, а во тек се мерки за проверка на веродостојноста на пријавениот настанот.