/ Прочитано:

1.628

Унапредување на партнерскиот однос на Здружението на судии и Делегацијата на ЕУ во Македонија

Претседателот на Здружението на судии на Република Македонија, д-р Џемали Саити, придружуван од потпретседателката – судијата Емилија Шопар-Јованова, и членовите на Управниот одбор – судијата Шпенд Деваја и судијата д-р Лазар Нанев, остварија средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

fotografija

На средбата, велат од Здружението на судии, претседателот Саити накусо го информираше амбасадорот Жбогар за работењето на Здружението, со акцент на активностите кои се однесуваат на статусот на судиите и други прашања во врска со јакнењето на независноста и транспарентноста во судството.

Двете страни изразија задоволство од досегашната успешна соработка, потенцирајќи ја потребата за нејзино интензивирање преку конкретни активности кои ќе бидат утврдени во периодот што следува. На крајот, соговорниците ја истакнаа потребата од унапредување на партнерскиот однос на Здружението и Делегацијата како неопходен фактор за напредокот на државата.

fotografija

Унапредувањето на независноста на судиите, заштитата на достоинството и угледот на судијата и судиската функција, заштитата на материјалните и професионалните интереси на судиите, јакнењето на судиската етика, стручното усовршување на судиите и соработката со сродни асоцијации во земјава и во странство, се дел од целите на Здружението.

Преземањето разни активности во насока на доедукација на судиите, во согласност со предизвиците на времето, и постојаното нормативно усогласување на националното законодавство со законодавството на Европската Унија, се дел од декларираните заложби на претседателот на Здружението на судии, д-р Џемали Саити.

M.В