/ Прочитано:

2.276

Унифицирање на петитумите на тужбеното барање кај работните спорови

Среда, 15 април 2015 – Адвокатската комора објави Информација за реализација на Заклучок на Владата на Република Македонија по однос на неусогласеност на институциите во правосудниот систем при донесување на судските пресуди за работни спорови.

Од Адвокатската комора велат дека Информацијата за реализација на Заклучокот на Владата на Република Македонија по однос на неусогласеност на институциите во правосудниот систем при донесување на судските пресуди за работни спорови e заради запознавање и унифицирање на петитумите на тужбеното барање кај работните спорови, во правец на цитирање на износот на месечната нето-плата, на кој адвокатите би требало да бараат тужените да ги пресметаат придонесите и да извршат исплата на придонесите од задолжително социјално осигурување, односно да бидат описно содржани на име бруто-плата.

Во Информацијата се посочува дека, според Министерството за правда, за да  се дојде до изнаоѓање на решение, потребно е:

1)Тужбата  да биде со јасен петитум на тужбеното барање, побарано од страна на адвокатите, а кој би го прифаќале судиите во изреките на пресудите.

2) Во изреката на петитумот на тужбеното барање и во изреката на пресудата да се цитира висината на месечната нето-платата во износ, а на тој износ да се пресметаат придонесите од задолжително социјално осигурување, и ПДД, односно да бидат описно содржани на име бруто-плата.

3) Да се изнајде начин вака договореното решение понатаму да им се соопшти на сите чинители и учесници во парничните постапки. За таа цел се препорача Адвокатската комора да го дисеминира ова решение до сите адвокати за постапување при постоење на вакви спорови.

4) Истовремено, се препорача Врховниот суд на Република Македонија да изнајде начин и преку четирите апелациони судови да организира усогласување на судската пракса во наведената смисла и да им се соопшти на сите судии за постигнатото решение на оваа средба. Воедно, би било добро судиите и активно да се вклучат во подготвително рочиште и доколку отстапуваат изреките во тужбените барања да им укажат на неуките странки и на полномошниците како да го уредат тужбеното барање.

5) Во однос на извршувањето, со оглед дека во изреката на пресудата ќе нема фиксен износ на придонесите кој би требало да се изврши, истакна дека би било добро во истата работодавачот да се задолжи да ја изврши и пресметката на платата, со оглед на тоа што извршителите нема пристапат кон извршување, туку само ќе го задолжат работодавачот да изготви МПИН-пресметка на бруто-плата на работникот и да ја уплатат образец ПП 53.

 Прилог:  Информација за реализација на Заклучок на Владата на Република Македонија по однос на неусогласеност на институциите во правосудниот систем при донесување на судските пресуди за работни спорови  

М.В