/ Прочитано:

784

Управниот суд ги одби сите 142 тужби — уважи само една

Вторник, 2 април 2013 – Од вкупно 142 тужби поднесени од политички партии за приговори околу нерегуларности во првиот изборен круг до Управниот суд, уважена е само една тужба, а сотанатите се одбиени како неосновани. Судот ги одби тужбите на Сојузот за иднината, со што ќе има прегласување на три избирачки места во Струмица. Судот уважи само една тужба за Кичево.

Од вкупно 142 тужби кои беа поднесени од политичките партии за приговори околу нерегуларности во првиот изборен круг до Управниот суд, уважена е само една тужба, а останатите се одбиени како неосновани. Уважена е тужбата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за избирачкото место 0734 во Кичево. 

Управниот суд ја одби тужбата на СДСМ за решението на Државната изборна комисија за трите избирачки места во Струмица, што значи дека на 7 април ќе има прегласување на првиот круг во избирачките места „Стара кожара“ и основните училишта „Никола Вапцаров“  и  „Маршал Тито“. 

Управниот суд ги одби тужбите на ВМРО-ДПМНЕ за прегласување во Кичево во две избирачки места, со што кандидатот за градоначалник од ДУИ, Фатмир Дехари и официјално е градоначалник на овој град.

Одбиени се и жалбите на опозицискиот СДСМ за прегласување во Аеродром, Штип, Прилеп, како и 35-те тужби на ДОМ и четирите на Демократската партија на Турците за Пласница.

До Управниот суд беа поднесени 142 тужби, најголем дел од опозицискот „Сојуз за иднината” предводен од СДСМ.