/ Прочитано:

1.036

Условна казна добија насилните демонстранти за „Монструм“ во Тетово

Петок, 18 јули 2014 – Тетовскиот суд денеска ги прогласи за виновни десетина агресивни демонстранти кои протестираа против пресудата за случајот „Монструм“.

„Пред Основен суд Тетово на ден 18.06.2014 година, е одржан главен претрес против обвинетите Н.И од Тетово, Ф.М од Тетово, Е.М од Тетово, Д. Б. Од с.М. Речица, З.Б од с. Д. Палчиште, И. Б. Од Тетово, И.Ј од Тетово, М.Г од с. Д Палчиште, И.Ш од Тетово и С.А од Тетово во врска со кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело по чл.385 ст.1 од КЗ. По одржаниот претрес према сите обвинети е донесена неправосилна пресуда со која сите обвинети се огласени за виновни и спрема обвинетите е изречена алтернативна мерка условна осуда Воедно спрема обвинетите Н.И и Ф. М двајцата од Тетово, во утврдената казна затвор им е пресметано и времето поминато во притвор сметано од 09.07.2014 година па до пуштање на слобода, и по објавување на пресудата спрема овие двајца обвинети е донесено решение со кое е укината мерката притвор и обвинетите Веднаш да се пуштат и да се бранат од слобода“, известуваат од Судот.

Од утрово, околу зградата и по тетовските улици имаше зголемено присуство на полициски сили, а исходот пред зградата го очекуваа триесетина лица, роднини и пријатели на осомничените.

Судската разврска доаѓа откако СВР Тетово минатата недела поднесе десет кривични пријави. Со нив беа опфатени лица кои како учесници во протестите се судрија со полициски кордон по што имаше, девет повредени лица.