/ Прочитано:

1.119

Уставен суд следната среда ќе расправа за Законот за адвокатски маркички (ЗАМ)

Четврток, 7 февруари 2013 – Уставниот суд го објави прегледот на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за шестата седница закажана за 13.02.2013. Меѓу нив е и Законот за адвокатска маркичка, во целина и посебно: член 1, член 2, член 3, член 4, член 6, член 7, член 9, член 10, член 11, член 12, член 13 и член 14. 

Наредната среда, Уставниот суд ќе расправа за иницијативата за Закон за адвокатски маркички (ЗАМ), во целина и посебно за: член 1, член 2, член 3, член 4, член 6, член 7, член 9, член 10, член 11, член 12, член 13 и член 14 од истиот закон.

До Уставниот суд, во моментов се доставени над 30 иницијативи за ставање на ЗАМ вон сила. Повеќе од 500 адвокати во земјава бараа да се стопира  примената  на Законот за адвокатска маркичка додека Уставниот суд  не одлучи за неговата уставност.

Освен до Уставниот суд, дел од адвокатите затропаа и на вратата на Адвокатската комора, барајќи решение и одговори за ваквиот начин на фискализација на адвокатите. Адвокатските заедници револтирано бараа и смена на Управниот одбор на Адвокатската комора.

Законот влезе во сила на 1 јануари оваа година; предвидува сите адвокати-поединци, заедно со поднесоците кои ќе ги достават до судовите, задолжително да имаат адвокатска маркица набавена од УЈП.  Доколку ја нема, може да заработат и казна до 5000 евра.