/ Прочитано:

653

Уставниот суд ја одложи расправата за преименуваните училишта во Чаир

Среда, 29 октомври 2014 – Уставниот суд на денешната седница ја одложи расправата за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за преименување на четирите училишта во општина Чаир.

Подносител на иницијативата до Судот е Државниот инспекторат на Министерството за локална самоуправа, откако Советот на општина Чаир во 2012 година донесе одлука за преименување на училиштата „Никола Вапцаров“ „Јане Сандански“, „Цветан Димов“ и „Рајко Жинзифов“ во „Имри Елези“, „Јашар беј Шкупи“, „Хасан Приштина“ и „Исмаиљ Кемаљи“.

Судот денеска не поведе постапка за одредби од Законот за судски такси, од Законот за даночната постапка, како и за членови од Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на домаќинства и мали потрошувачи, донесен од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на 17 февруари 2014 година.