/ Прочитано:

869

Уставниот суд ќе ја оценува уставноста на проектот за плаќање по учинок

Среда, 6 февруари 2013 – Уставниот суд на РМ одлучи да поведе постапка за да утврди дали плаќањето по учинок за лекарите е во согласност со Уставот. 

Измените кои ги предложи Министерството за здравство беа дел од иницијатива на самостојниот синдикат на Клинички центар и на денешната седница уставните судии одлучија да разгледаат 4 законски членови од оспоруваното плаќање по учинок.

Според претседателот на Уставниот суд Бранко Наумовски не може да се менува висина на плата со акт, нешто што е загарантирано со закон, а посочи дека дури и измените на колективниот договор треба да се менуваат со закон.